Реал купува сензација од Англија за повеќе од 100 милиони евра?!

од Nikola Popovski
420 прегледи

Реал Мадрид, актуелниот европски и шпански шампион, би можел да остане без трофеј оваа сезона. Барселона е пред нив во Ла Лига, а незадоволството во Мадрид расте.

Поранешниот играч на Реал, Чаби Алонсо, треба да ја преземе тренерската клупа од лето, а веќе се договорени некои засилувања. Трент Александар-Арнолд пристигнува како решение на десната страна од одбраната, а сега Перез го таргетира и клучниот стопер – Вилијам Салиба од Арсенал. Според угледниот „Л’Екип“, Реал е подготвен да плати повеќе од 100 милиони евра за неговото доаѓање.

„Л’Екип“ пишува: „Салиба е приоритет за Реал Мадрид. Перез го гледа како лидер на одбраната во наредните години. Играчот има посебен однос со Реал и го смета за врв на неговата кариера – единствениот клуб поради кој би можел да го напушти Арсенал“.

Францускиот весник наведува и дека во последните недели се водени конкретни разговори со сите страни вклучени во потенцијалниот трансфер. Иако Реал сака да го доведе Салиба ова лето, најновиот рок за трансферот би бил летото 2026 година.

Од друга страна, Арсенал не ја исклучува можноста за продажба, но е подготвен да разговара само ако Орелиен Чуамени биде вклучен во договорот, со дополнителна финансиска компензација. Реал засега не ја исклучува таа опција.

Салиба е член на Арсенал од 2019 година, кога пристигна од Сент Етјен. Прво беше позајмен во Сент Етјен, Ница и Марсеј, пред конечно да се етаблира како стандарден член на одбраната на Арсенал во 2022 година. Редовно настапува за француската репрезентација, за која досега има 28 настапи.

Слични содржини