Се чинеше дека се е готово. Реал Мадрид испрати неверојатна понуда од 170.000.000 евра до Париз со цел да го „привлече“ Килијан Мбапе да им се придружи на „кралевите“. Покрај тоа, по нив следеше бонус од 10.000.000 евра, во зависност од перформансите на Французинот во претстојната сезона.
Сепак, дојде до ќор-сокак во последната фаза од преговорите.
Затоа од Мадрид испратија ултиматум во главниот град на Франција – или трансферот ќе се случи викендов или нема да има ништо од тоа!
Знаат во Мадрид дека понатамошното продолжување ќе го доведе клубот во неволја, бидејќи крајот на преодниот рок е буквално зад аголот. Во понеделник, Мбапе ќе треба да го контактира својот тренер за натпреварите со Босна и Херцеговина, Украина и Финска. Би било невозможно да се заврши трансферот, првенствено поради пречките предизвикани од Ковид.
Во Париз чекаат 200.000.000 евра да „легнат“ на сметката и не отстапуваат од тоа.
– Ништо не се промени во последните два дена. Ситуацијата е идентична – изјави спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.
„Светците“ се свесни дека би можеле да ја „грабнат“ таа сума од Реал, кој не донесе многу играчи минатата сезона, а исто така заработија добро од продажбата на Рафаел Варан, Ашраф Хакими, Мартин Едегард, Серхио Регилон и Оскар Родригез.
Кога се ќе се стави на маса, тоа е околу 180.000.000 евра. И секако… им треба нова ѕвезда.