Лука Модриќ е една од најважните алки во репрезентацијата на Хрватска. Тој најави дека ќе се збогува со дресот на „огнените“ по Светското првенство во 2022 година.
Сепак, Реал Мадрид го сака одличниот играч „само за себе“. „Марка“ го пренесува барањето искусниот 35-годишник да се збогува од националниот дрес.
„Лука Модриќ дебитираше за Хрватска во 2006 година, кога имаше само 20 години. Денес тој има 35 години и е недопирлив лидер на Балканот, што доведе до најголем успех во историјата, светски сребрен медал во 2018. Неговата посветеност кон Хрватска е несомнена и неговата цел беше да престане да игра за националниот тим по СП во 2022 година“, пишува „Марка“ и додава:
„Меѓутоа, ситуацијата на Модриќ е специфична. Тој го продолжи договорот со Реал до летото 2022 година, а Светското првенство е половина година подоцна. Големото прашање е што ќе стори Модриќ во тие шест месеци од предвидениот крај на кариерата до Светското првенство, каде што планираше да се збогува со Хрватска. Во Реал нема мал број оние кои побараа од Модриќ да се откаже од исполнување на своите репрезентативни должности, но тој дури и не размислува за тоа. Му дава за право тоа што покажа дека игра одлично за Реал истовремено“, наведува „Марка“.
Модриќ има јасен став дека ќе се збогува со репрезентативниот дрес по Светското првенство во 2022 година, кое ќе се игра во Катар.