22
Реал Мадрид ќе биде без играчот од средниот ред Едуардо Камавинга речиси два месеци, објавија шпанските медиуми.
Репрезентативецот на Франција се повреди на вчерашниот тренинг во пресрет на натпреварот од Суперкупот на Европа против Аталанта, а денеска на снимката беше откриено истегнување на лигаментите на левото колено.
Според информациите, Камавинга ќе закрепнува 6-7 недели и ќе се врати на терените во октомври.