Реал Мадрид и Манчестер Сити договараат сензационална размена на играчи?

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Летниот преоден рок би можел да биде многу возбудлив за Реал Мадрид. Кралскиот клуб веќе интензивно работи на нови аквизиции, а според шпанските медиуми, пристигнувањата на тројца играчи се речиси сигурни: Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас, кои наскоро треба да го облечат белиот дрес.

Порталот Fichajes.net, специјализиран за трансфери, наведува дека еден од најголемите трансфери би можел да биде спектакуларна размена – Родриго за Ерлинг Халанд. Бразилецот наводно е многу ценет во Манчестер Сити, а во Реал се зборува за негово евентуално заминување.

Иако во моментов нема конкретни преговори меѓу двата клуба, идејата за размена се повеќе се споменува, особено затоа што Халанд долго време се поврзува со можен трансфер во Мадрид. Сепак, досега нема сериозна понуда од Шпанија.

Норвешкиот напаѓач неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити и засега нема знаци дека сака да ја напушти Англија. Но, ситуацијата е поинаква кога е во прашање Родриго. Бразилецот, според истите извори, е „на излезна врата“ и би можел да стане најскапиот трансфер на Реал ова лето.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез, наводно е подготвен да ги сослуша понудите за поранешниот напаѓач на Сантош, но само ако тие изнесуваат околу 100 милиони евра. Пеп Гвардиола претходно покажа интерес за Родриго, и можно е повторно да се обиде да го доведе талентираниот Бразилец.

Во тој случај, интерес за Халанд би можел да се појави во Валдебебас, но во моментов, нагласуваат шпанските медиуми, такво сценарио не е приоритет.

Слични содржини