Реал Мадрид и постави ултиматум на судиската комисија во Шпанија

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Реал Мадрид му постави ултиматум на судискиот комитет во Шпанија во врска со тоа што не му даде црвен картон на Карлос Ромеро од Еспањол на натпреварот меѓу двата тима кој Каталонците го добија со 1:0, пренесуваат мадридските медиуми.

Ромеро грубо го фаулираше Килијан Мбапе за време на натпреварот, но беше поштеден од исклучување и по проверка на ВАР, а подоцна тој беше стрелец на победничкиот гол за Еспањол. Ова го налути Реал Мадрид, кој објави јавно писмо во кое бара Кралската шпанска фудбалска федерација и Врховниот спортски совет веднаш да ги предадат аудио снимките од комуникацијата меѓу главниот судија Муниз Руиз и тој на ВАР – Иглесијас Виланова, како што е практика на судиската комисија.

Сепак, засега тоа се уште не се случило. Затоа клубот постави ултиматум да ги добие аудио снимките до петок или во спротивно ќе се жалат до управен суд за да им биде дозволен пристап до нив. Од таму дури веќе ја подготвиле својата претставка.

Како што е познато, поради тензијата помеѓу Реал и фудбалската федерација, мадридскиот тим одби да испрати свој претставник на вчерашниот организиран состанок, на кој се разговарало за проблемите на судењето во шпанскиот фудбал.

Слични содржини