Реал Мадрид казнет поради хомофобични навреди кон Гвардиола

од Vladimir Zorba
23 прегледи

УЕФА го казни Реал Мадрид за хомофобични скандирања на навивачите кон менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Шпанскиот клуб мора да плати 30.000 евра, а условно е казнет со делумно затворање на стадионот доколку истото се повтори во следните две години.

Покрај казните, Реал мора да остави најмалку 500 празни места на стадионот на следниот европски натпревар на Бернабеу.

Грдото скандирање на Гвардиола се случи за време на победата на Реал над Сити од 3-1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот во Мадрид.

Реал се пласираше во следната фаза со вкупен резултат 6:3, а тоа беше четврта последователна сезона како Реал Мадрид и Манчестер Сити се среќаваат во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Слични содржини