Реал Мадрид на лето ќе избира меѓу пет дефанзивци

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Сезонава стручниот штаб на Реал Мадрид мораше да бара решенија за да ги надомести загубите во одбраната. Кралскиот клуб планира да ангажира дефанзивец во текот на летото за да избегне слични проблеми во новата кампања.

Според весникот „Марка“, управата на шпанскиот шампион составила список од пет играчи кои можат да го засилат тимот на лето. Меѓу нив се Џорел Хато од Ајакс, Ибрахима Конате од Ливерпул, Кастело Лукеба од Лајпциг и Вилијам Салиба од Арсенал.

Една од најверојатните опции за Реал е Дин Хајсен, кој настапува за Борнмаут. Шпанецот во договорот има ослободителна клаузула од 50 милиони фунти.

Слични содржини