19
Реал Мадрид објави дека нивниот напаѓач, францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, е отпуштен од болницата во Мајами, каде што беше примен во четврток поради гастроентеритис што го доби на Светското клупско првенство што се одржува во САД.
„Нашиот играч Килијан Мбапе е отпуштен од болницата и се врати во тренинг кампот. Мбапе ќе продолжи со посебен медицински третман и постепено ќе се враќа на тимските активности“, објави Реал.
Мбапе е изолиран од остатокот од тимот поради гастроентеритис од вторник и не играше на натпреварот од првото коло против Ал-Хилал во средата.
Засега е објавено само дека настапот на Мбапе на натпреварот од второто коло против Пачука во недела е „сомнителен“.