Реал Мадрид е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред Аурелиен Чуамени. Францускиот интернационалец се чини дека не е дел од долгорочните планови на клубот и на „Сантијаго Бернабеу“ се подготвени да слушаат понуди за него на лето, тврди „Релево“.
Се вели дека „белиот балет“ повеќе се потпира на Едуардо Камавинга, околу кого во иднина ќе го гради средниот ред. Клубот, исто така, има планови да се обиде и да го ангажира новиот добитник на „Златната топка“, Родри следното лето, па веројатно е дека Чуамени ќе мора да биде жртвуван за да се направи простор за шпанскиот репрезентативец.
24-годишниот Чуамени дојде во Реал од Монако во 2022 година, при што „кралскиот клуб“ за неговите права плати прилично сериозна сума од 80 милиони евра. Французинот постепено успеа да се наметне во тимот и веќе има 102 натпревари, 3 гола и 5 асистенции за мадриѓаните. Покрај тоа, тој е доста корисен бидејќи може успешно да оперира на неколку позиции во средниот ред и во центарот на одбраната.
Доколку биде ослободен, Чуамени сигурно ќе привлече сериозен интерес. Ништо чудно да се упати во Англија, каде што клубовите имаат најголеми финансиски средства и можат да си дозволат да платат сериозна трансфер сума за играчот, како и неговата висока плата.