Реал Мадрид повторно ќе се жали на казната за Модриќ

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Комисијата за жалби на својот состанок во средата го потврди жолтиот картон што го доби Лука Модриќ при гостувањето на Реал Мадрид во Селта. Ова е натпревар од 28.коло на шпанското фудбалско првенство, во кое Реал Мадрид победи со 3:1, а Модриќ доби јавно предупредување во 80. минута од натпреварот.

Модриќ веднаш гестикулираше дека не му е јасно зошто бил предупреден откако Ренато Тапија падна над него, додека тој ја додаваше топката на левата страна од теренот. Неговиот жолт картон го изненади и клубот, кој реши да се жали на судиската пресуда, тврдејќи дека Тапија всушност го удрил Модриќ, додека тој му ја испраќал топката на Лукас Васкез.

Жалбата е одбиена и Модриќ засега останува со жолт картон.

Реал Мадрид претходно изјави дека ќе инсистира на бришење на предупредувањето на Модриќ. Клубот има 15 работни дена да се обиде да го стори тоа во повисоките инстанци.

Слични содржини