Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ќе го засили Реал Мадрид на лето откако ќе му заврши договорот со ПСЖ, а шпанскиот гигант ќе работи на уште еден трансфер од парискиот тим.
Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез одлучил да го привлече Ашраф Хакими, кој сака да го напушти францускиот клуб, пренесуваат европски извори.
Хакими досега за тимот од Париз одигра 105 натпревари на кои постигна 13 голови и 17 асистенции.