26
Шпански Реал Мадрид размислува да испрати втора понуда за Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, откако првата беше одбиена од англискиот клуб, пишува „Тајмс“.
Раководството на Реал Мадрид верува дека тие имаат предност во однос на преговорите и Александар-Арнолд ќе потпише преддоговор со нивниот тим, доколку не успеат да го ангажираат веќе во јануари.
Ова е причината поради која мадриѓаните не се подготвени да потрошат огромна сума за фудбалерот во зимскиот преоден рок.
Позицијата на Ливерпул е јасна, иако Реал Мадрид се уште е подготвен да понуди сума од 20-25 милиони евра за да ја заврши зделката.
Англискиот тим се уште верува дека може да го убеди Трент Александар-Арнолд да го обнови неговиот договор.