Реал Мадрид сака да се ослободи од Алаба

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Раководството на Реал Мадрид бара начин да се раздели со Давид Алаба, тврди АС. На крајот на јуни, австрискиот репрезентативец повторно се повреди, а на „Сантијаго Бернабеу“ дошле до заклучок дека би било подобро за клубот да се ослободи од него со оглед на неговите чести повреди и високата плата.

Алаба, кој потпиша како слободен агент од Баерн Минхен во 2021 година, добива 12,5 милиони евра по сезона. Минатата сезона, тој учествуваше само во 7 натпревари во Ла Лига, додека една година претходно запиша 14 првенствени настапи.

Договорот на дефанзивецот е до летото 2026 година. Неговата желба е да остане во тимот и да биде во оптимална форма за претстојното Светско првенство.

Реал Мадрид ја обнови својата одбрана со доаѓањето на Дин Хаузен, Трент Александар-Арнолд и Алваро Карерас, што значи дека дури и да е здрав, Алаба ќе се бори за место во стартниот состав.