Реал Мадрид се подготвува за „значаен настан во спортската историја“

од Nikola Popovski

Во 2025 година, Мадрид ќе стане четвртиот европски град кој ќе биде домаќин на натпревар од американската професионална фудбалска лига (НФЛ).

Натпреварот ќе се одигра на стадионот на Реал Мадрид, Сантијаго Бернабеу, пренесува Хина.

Првиот европски град кој беше домаќин на НФЛ натпревар беше Лондон во 2007 година, а досега таму се одиграни 36 натпревари во НФЛ.

Од нив, повеќето беа на Вембли, неколку беа играни во Твикенхем, а од 2019 година домаќин е и новиот стадион на Тотенхем Хотспур.

Првиот натпревар од НФЛ во Германија се одигра во 2022 година на Алијанц Арената во Минхен, додека оваа година на листата се најде и Франкфурт.

„Доаѓањето на НФЛ на Сантијаго Бернабеу е важен настан во спортската историја. Оваа стратешка соработка ќе ги зајакне нашите два бренда на глобално ниво и ќе биде ентузијастички пречекана од милиони луѓе на сите континенти“, најави претседателот на Реал. Мадрид, Флорентино Перез.

Покрај Европа, натпреварите од НФЛ лигата се одиграни и на стадионот Ацтека во Сиудад де Мексико, а првиот натпревар во Јужна Америка е договорен за 2024 година.

На 6 септември на стадионот Коринтијанс во Сао Паоло, Филаделфија Иглс ќе биде домаќин на се уште непознат ривал.

Следната година ќе се игра уште еден натпревар во Бразил, а заедно со Сао Паоло, за негово домаќинство конкурира Рио де Жанеиро, односно митскиот стадион Маракана.

Слични содржини