Реал Мадрид упатил барање за трансфер на Трент во јануари

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Раководството на Реал Мадрид упатило барање до Ливерпул за трансфер на дефанзивецот Трент Александер-Арнолд во јануари, но одговорот од „црвените“ бил негативен, пренесе Sky Sports.

Договорот на 26-годишниот англиски репрезентативец со тимот од Мерсисајд истекува на крајот од сезоната и од денеска Реал може слободно да преговара со него за преддоговор кој ќе стапи на сила од летото.

Сепак, кралскиот клуб сака да се засили во јануарскиот преоден рок поради флуктуирачките резултати наесен. Ливерпул од своја страна сака да задржи еден од своите водечки играчи, но и да не се постигне договор за нов договор, англискиот клуб нема намера да го загуби Александер-Арнолд на средина од сезоната.

Тимот на Арне Слот води во табелата во Премиер лигата и Лигата на шампионите и е на пат за многу силна сезона, додека Трент е клучен играч во системот на Холанѓанецот.

Уште две ѕвезди на Ливерпул – Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк се без договор.

Слични содржини