61
Бразилецот Ендрик на посебен начин го прослави својот 18-ти роденден. Напаѓачот две години го чека денот кога и официјално ќе може да го комплетира трансферот во Реал Мадрид откако за него веќе се платени околу 50 милиони евра.
Официјалното претставување на бразилскиот суперталент ќе биде во сабота во 12:00 часот на Сантијаго Бернабеу.
Досега има постигнато вкупно 21 гол за Палмеирас на 82 натпревари. Ендрик сега е дел од репрезентацијата на Бразил, а на 10 натпревари веќе постигна 3 гола.