Реал Мадрид во шок поради одлуката на Алонсо, во клубот се враќа легенда?

од Nikola Popovski
208 прегледи

Чаби Алонсо одлучил и следната сезона да остане на клупата на Баер Леверкузен, што барем привремено го елиминира како кандидат за преземање на Реал Мадрид.

Според информациите од Германија, Шпанецот е среќен со животот во Леверкузен, купил нова куќа и не планира да ја менува средината.

Оваа одлука ги изненадила челниците на Реал Мадрид, кои го сметаа Алонсо за главен фаворит за наследник на Карло Анчелоти. Раководството на Реал Мадрид го гледа поранешниот играч за врска како долгорочно решение на клупата и тренер кој би можел да започне нова ера во Мадрид, но бидејќи немало конкретни разговори, Алонсо одлучил да се фокусира на сегашната работа.

Наскоро се очекува и официјална потврда за неговата одлука, а како што пренесува „Фихајес“, Реал Мадрид веќе почнал да разгледува други опции. Најпознатото име меѓу нив е наводно Зинедин Зидан. Легендарниот Французин, кој со Реал Мадрид освои три последователни ЛШ, повторно е во игра за враќање во клубот.

Зидан во два наврати раководеше со мадридскиот тим. Првиот пат беше од 2016 до 2018 година, кога постигна историски успеси и повторно од 2019 до 2021 година, иако вториот мандат му беше помалку успешен. После тоа се повлече и шпанската клупа му ја препушти на Карло Анчелоти.

Во Мадрид во последните недели се почесто се зборува за можното заминување на Анчелоти, особено ако клубот ја заврши сезоната без трофеј. Во тоа сценарио, Зидан повторно би можел да се најде во улога на спасител.

Сепак, и тоа сценарио не е сигурно. Наводно, Зидан е насочен кон клупата на француската репрезентација, која би можела да се испразни по Светското првенство во 2026 година, кога се очекува да се повлече Дидие Дешамп.

Слични содржини