Раководството на Реал Мадрид не пропушти да и честита на португалската ѕвезда и поранешен играч на „кралевите“ Кристијано Роналдо. Причина за тоа беше неговиот гол број 900 во професионалната кариера – достигнување кое до овој момент го нема постигнато ниту еден професионален фудбалер.
Роналдо постигна гол за Португалија против Хрватска во натпревар од Лигата на нации.
Otro hito histórico: 900 goles en la carrera profesional de una de las más grandes leyendas del Real Madrid y del fútbol mundial. ¡Felicidades, querido y admirado @Cristiano! El Real Madrid y el madridismo siempre orgullosos de ti.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 5, 2024
„Нова историска пресвртница: 900 гола во професионалната кариера на една од најголемите легенди на Реал Мадрид и светскиот фудбал. Честитки, драг Кристијано. Реал Мадрид и навивачите се горди на тебе“, напиша шпанскиот клуб.