Мадридски „Марка“ објави дека договорот за трансферот на 20-годишниот холандски дефанзивец Дин Хујсен од Борнмут во Реал Мадрид е практично финализиран и се чекаат само последните административни чекори за трансферот да биде официјално потврден.
Реал Мадрид ќе ја плати откупната клаузула на играчот, која изнесува 50 милиони фунти (околу 59 милиони евра). Покрај тоа, Јувентус, поранешниот клуб на Хујсен, добива 10% од профитот од трансферот, додека клубот од кој дојде играчот, Малага, ќе добие значителен дел од 5%, што изнесува приближно 1,8 милиони евра.
Трансферот беше забрзан поради неколку фактори, меѓу кои е потребата од играч кој веднаш може да донесе резултати. И покрај првичните сомнежи за неговата физичка подготвеност, 20-годишниот Хујсен ги разјасни тие сомнежи со своите настапи во Премиер лигата. Реал Мадрид верува дека им е потребен млад, но сигурен стопер, особено имајќи ги предвид повредите на Давид Алаба и другите проблеми со одбраната.
Една од клучните причини зошто трансферот стана итен е фактот што Реал Мадрид планира да го искористи преодниот рок од 1 до 10 јуни за да го регистрира Хујсен за Светското клупско првенство. Со оглед на тоа дека немало потреба од долги преговори со Борнмут (бидејќи клаузулата за откуп едноставно била платена), трансферот би можел да се реализира многу брзо.
Хујсен имаше дури осум конкретни понуди, а меѓу клубовите што го следеа беше и Челзи, но во моментот кога Реал Мадрид влезе во игра, сите други опции исчезнаа. Дин, уште од младоста, имаше јасно дефинирана цел – да игра за голем шпански клуб, а сега тој сон е на прагот да се оствари.