Според последните информации од Аргентина, Енцо Фернандез (24) наскоро треба да стане нов играч на Реал Мадрид. Играчот од средниот ред на Челзи е веќе многу блиску до потпишување договор со кралскиот клуб, а официјална потврда за трансферот се очекува по завршувањето на Светското клупско првенство ова лето.
Реал Мадрид се подготвува за доаѓањето на Чаби Алонсо на тренерската клупа, а клубот веќе започна со имплементација на неколку засилувања на негово барање. Првото договорено пристигнување е дефанзивецот Дин Хујсен од Борнмут, но планот е и реконструкција на средниот ред каде што „кралевите“ мора да најдат наследник на Лука Модриќ.
Во овој контекст, Фернандез се споменува сè почесто како решение за креативниот дефицит во средината на теренот. Алонсо, кој добро ја знае важноста на играчите способни да ја организираат играта, го гледа Аргентинецот како клучен за рамнотежата на тимот и градењето на играта.
Знаци дека трансферот е се поблиску доаѓаат и од приватниот живот на Енцо Фернандез. Неговата партнерка наводно е во контакт со девојката на Хулијан Алварез и заедно бараат куќа во Мадрид.
И покрај фактот дека, барем засега, Фернандез ќе остане во Челзи до крајот на Светското клупско првенство, сè укажува дека неговата следна дестинација ќе биде „Сантијаго Бернабеу“. Со овој потег, Реал Мадрид продолжува да гради нова генерација на средниот ред, – Фернандез треба да стане важен дел од тој проект.
Проблемот е во фактот што Челзи му плати на Фернандез дури 120 милиони евра на Бенфика, а Аргентинецот има договор со „сините“ кој трае до 2032 година, што го прави потенцијалниот трансфер во Мадрид многу тежок. Сигурно е дека Челзи нема да го пушти за помалку пари отколку што плати за него…
Се споменува и можна размена на играчи бидејќи Аурелиен Чуамени не е среќен во Мадрид, па Реал би бил многу среќен да го испрати во Челзи и да го земе Фернандез за дополнителна сума…