Реал Мадрид го продаде Касемиро, едноставно му излегоа во пресрет на Бразилецот кој се поврзува со големи успеси, но интересно е што беше во групата на послабо платени. Донесе 70 милиони евра, плус уште 13, ако ги активира бонусите, а сите мислат дека ова е одлична работа на Флорентино Перез, уште една во низата.
Но, дали е потребна замена?
Агентите ширум Европа реагираа, ги нудат своите играчи во Мадрид, но стратегијата е веќе направена.
Имено, Мигел Анхел Санчез, директорот на „Лос Бланкос“ изјави дека во моментов не им треба никој.
Следната стратегија е да се чека зимата, да им се даде шанса на Чуамени и Камавинга, секако заедно со Модриќ и Крос, а потоа, во зависност од резултатите, евентуално да се засили тимот во јануари.
Кој е на мета?
Најпрво се споменува Фабијан Руиз од Наполи, Хојберг од Тотенхем, потребен е дефанзивен играч за врска, некој што ќе ги затвора дупките во средината. Касемиро беше идеалното решение. Се зборува дека Њукасл веднаш одбил да разговара за евентуална продажба на Бруно Гимараеш, јасно е дека имаат толку многу пари што можат да одбијат секаква понуда.
Наводно, Анчелоти го сакал Бразилецот веднаш, но ништо не излегло од тоа.
Кој друг би можел да замине до крајот на преодниот рок?
Одриозола има понуда од Нотингем Форест, но би останал да се бори со Карвахал (и универзалниот Лукас Васкез, но и Ридигер може да игра десен бек), а што се однесува до Асенсио, клубот повеќе би сакал да го продаде, но тој ќе почека додека не му истече договорот. Шпанските медиуми му замеруваат, велат дека неговата глава е веќе на друго место и дека агентот Мендеш му ветува вносен договор во Англија.
Но, тој ќе остане, иако веројатно со помала минутажа од претходните сезони.