Раководството на шпанскиот гигант Реал Мадрид одлучи дека ќе се жали на суспензијата од два натпревари на Џуд Белингем, откако претходниот протест на „кралевите“ беше одбиен од Дисциплинската комисија, пренесува Мундо Депортиво.
Според изворот, мадридскиот клуб сега има намера да поднесе жалба до Спортскиот управен трибунал. Реал Мадрид има големи надежи за оваа жалба и верува дека ја донел одлуката да ја поднесе во вистинско време.
Во моментов ситуацијата е таква што Белингем нема да може да учествува на натпреварите од Ла Лига со Селта и Осасуна.
Играчот на „белиот балет“ беше исклучен во натпреварот од 27. коло во Ла Лига против екипата на Валенсија, кој заврши нерешено 2-2, кога постигна гол во судиското надополнување, но голот беше поништен бидејќи судијата Хесус Гил Манзано го означи веќе својот последен сигнал за дуелот.
Англичанецот револтиран го нападна судијата поради што го доби црвениот картон.