Реал против повторната ждрепка за Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Шпанскиот гигант Реал Мадрид има намера да преземе правни мерки против Европската фудбалска централа (УЕФА) поради повторното ждребување за Лигата на шампионите.

Според првичната ждрепка, ривал на Реал за осминафиналето требаше да биде португалската Бенфика. Сепак, УЕФА соопшти дека поради технички проблем при извлекувањето на паровите, ждрепката ќе биде повторена.

Ова ќе се случи денеска во 15.00 часот по македонско време.

Сепак, „белиот балет“ смета дека нивната ждрепка била коректна и не сакаат повторно извлекување, пишува шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“.

Слични содржини