Реал речиси сигурно без Бензема во мадридското дерби

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Карим Бензема, речиси сигурно ќе го пропушти градското дерби со Атлетико на 18 септември. Напаѓачот ја заработи повредата при победата во вторникот во Лигата на шампионите над Селтик со 3-0 и се очекува да биде надвор од терените до три недели, предвидуваат шпанските медиуми.

Прегледите покажаа истегнување на тетивата на десната нога, соопштија од клубот, без да прецизираат колку долго играчот ќе закрепнува.

До крајот на месецот, Реал го очекува уште една пресметка со Мајорка (10 септември) и РБ (Лајпциг) (14 септември).

Одделно, Бензема се очекува да ги пропушти натпреварите на Франција во Лигата на нации против Австрија (22 септември) и Данска (25 септември).

Слични содржини