Реал руши рекорди со цените на билетите – нема милост за навивачите

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги објави цените на билетите за новата сезона, која официјално започнува на „Сантијаго Бернабеу“ за 10 дена со натпреварот против Ваљадолид.

Секако, тие беа предизвикани од доведувањето на скапата ѕвезда Килијан Мбапе, чиј дел од платата ќе треба на овој начин да го „платат“ навивачите.

Имено, само за првиот меч против Ваљадолид потребно е да се издвојат меѓу 95 и 210 евра, додека лани за екипа од тој ранг беа потребни 55 евра.

„Тоа е навистина големо зголемување на цената. Очигледно е дека плаќаме за доаѓањето на Мбапе“, изјави 43-годишен навивач во Мадрид.

Иако Мбапе пристигна како слободен играч од Пари Сен Жермен, неговата плата секако е огромна, но таа не е обелоденета во јавноста.

Исто така, има многу суперѕвезди, како Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.

Зголемени се и цените на сезонските билети, а најевтините се 650 евра.

„Го продолжив мојот годишен пас за четвртиот прстен високо зад голот“, рече поддржувач со членска книшка од 2018 година.

За поскапиот дел од стадионот годишната претплата чини 1.650 евра, додека претходно беше 1.500.

Сепак, раководството на клубот на чело со Флорентино Перез е убедено дека трибините ќе бидат исполнети и покрај незадоволството од поскапувањето.

Слични содржини