Реал се чуди, Тотенхем активираше клаузула за Бејл од 2013 година

од Nikola Popovski
329 прегледи

Во 2013 година, Герет Бејл го замени дресот на Тотенхем со оној на Реал Мадрид, а осум години подоцна, клубот од Лондон се повика на нетипична клаузула во договорот.

Имено, во еден дел од договорот имаше клаузула според која мадриѓаните мора да одиграат барем еден пријателски натпревар со Тотенхем.

Лондонскиот клуб не го бараше тој натпревар осум години, па веројатно ја заборавија оваа одредба од договорот во Мадрид. Сепак, сега од Англија стигна порака до Реал, во која се вели дека Мадрид треба да планира наскоро да дојде на Островот.

Во Реал беа изненадени од оваа желба, но немаат друг избор освен да ја исполнат.

Реал веќе го објави планот за подготовки за следната сезона, а мечот со Тотенхем не беше на програмата, па се очекува натпреварот да се игра на почетокот на следната година.

Тотенхем минатото лето го донесе Бејл на позајмица, но реши да не го откупи неговиот договор, па Велшанецот се врати во Мадрид.

Слични содржини