Реал Мадрид наскоро треба да објави дека е завршен трансферот на Давид Алаба во шпанската престолнина.
Информациите доаѓаат од два извори дека потписот на дефанзивецот на Баерн за мадридскиот тим е прашање на време, објави шпанската „Марка“ на насловната страница, како и познатиот италијански новинар Фабрисио Романо.
Зинедин Зидан веќе подолго време го бара вистинскиот играч за одбрана, и верува дека Алаба е вистинската премија за овој тим.
Австриецот одби неколку понуди од Баерн за продолжување на соработката, а на 1 јануари влезе во последните шест месеци од договорот и со тоа доби право да преговара за трансфер.
Манчестер Јунајтед веќе се распрашуваше за неговите услуги, но дефанзивецот побара премногу пари.
David Alaba has received informal approaches from five different clubs for summer 2021.
His dream would be Real Madrid. He’d love to join #RMFC [as a free agent] – nothing signed yet ⚪️
As reported by @jfelixdiaz, Real are expected to push on Alaba deal in the next days. https://t.co/Q97yKUiNZ3
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 2, 2021
Се очекува Алаба да потпише четиригодишен договор, а секоја сезона би добил по 10 милиони евра. Баерн наводно е бесен бидејќи се чувствува измамен, бидејќи Алаба пристигна во Минхен од Австрија Виена како 16-годишник (во 2008 година).
Алаба побара од Баерн двојно повеќе пари отколку што би заработил во Мадрид, и така тој успеа да ги продолжи преговорите доволно за да ја промени одлуката на крајот.
Тој во кариерата одигра 404 натпревари за Баерн, и постигна 32 гола со 49 асистенции. Обично играше како лев бек, но последните сезони често ја покриваше позицијата на стопер.