Шпанскиот фудбал продолжува после неколку дена, а битката за титулата во Ла Лига е далеку од завршена. Барселона е лидер во пласманот со предност од 2 поени пред второпласираниот Реал Мадрид.
Затоа „кралскиот клуб“ се надева дека ќе запише само победи на преостанатите 11 меча до крајот.
– Еибар е почетната точка од 11-те финалиња што преостана да ги играме. Се надеваме дека ќе бележиме победи на сите натпревари до крајот и ќе ја освоиме титулата. Сакаме да тренираме заедно со сите соиграчи заедно, да уживаме во фудбалот. Ние тренираме да влеземе во ритам за почетокот на сезоната. Фудбалот е составен од неколку фактори – физички, кој е многу важен, и психички. Комбинацијата меѓу двата значи дека можеме да влеземе во натпреварите во добра форма, сподели Лукас Васкез пред клупската телевизија.