Реал – Сити и ПСЖ – Барса во 1/4-финалето во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид – Манчестер Сити е големото дерби од 1/4-финалето во Лигата на шампионите. Ова ја одреди ждрепката која се случи денеска напладне во Нион.

Шпанците бркаат рекорден 15. трофеј во натпреварувањето, додека нивните ривали ќе ја бранат честа што ја освоија минатата сезона.

Првиот натпревар е на 9/10, а реваншот на 16/17 април.

Финалето на натпреварувањето ќе се игра на „Вембли“ на 1 јуни

Еве ја целосната ждрепка за 1/4-финалето:

Арсенал – Баерн
Атлетико М – Борусија Д
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Пари Сен Жермен – Барселона

1/2-финале:

Атлетико М/Борусија Д – Пари Сен Жермен/Барселона
Арсенал/Баерн – Реал Мадрид/Манчестер Сити

Финале:

Атлетико М/Борусија Д – Пари Сен Жермен/Барселона – Арсенал/Баерн – Реал Мадрид/Манчестер Сити.

Слични содржини