Реал – Сити, Селтик – Баерн, Јувентус – ПСВ…Извлечени двојките во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Победниците од последните две сезони во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Манчестер Сити, ќе се сретнат во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите во најинтересниот натпревар од оваа фаза на турнирот, одлучи ждрепката за плеј-оф натпреварите од Лигата на шампионите одржана денеска во Нион (Швајцарија).

Во натпреварите од плејофот ќе играат 16-те екипи кои се пласирани од 9 до 24 во главната фаза. Осумте победници од натпреварите ќе се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварите од плејоф рундата ќе се играат на 11/12 и 18/19 февруари.

Ждрепката за осминафиналето ќе биде извршена на 21 февруари.

Ждрепката за плејофот од Лигата на шампионите:

Брест – Пари Сен Жермен
Монако – Бенфика
Јувентус – ПСВ Ајндховен
Феенорд – Милан
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Селтик – Баерн Минхен
Бриж – Аталанта
Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд

Слични содржини