Реал вечерва без 11 заразени, повредени и казнети играчи, но ќе игра страшна екипа

од Vladimir Zorba
306 прегледи

УШТЕ ДВАЈЦА играчи заразени со коронавирус на Реал ја влошија и онака тешката ситуација пред вечерашното гостување, едно од најтешките во Ла Лига.

Од 21.30 часот есенскиот шампион во Примера игра во Атлетик Билбао, а Реал синоќа објави дека Давид Алаба и Иско се последните во низата играчи на кои им е дијагностицирана короната. Тие им се придружија на Модриќ (чиј вториот тест е негативен, но има симптоми), Марсело, Асенсио, Родриго, Бејл и Лунин.

Освен нив, Анчелоти не може да смета на повредените Карвахал и Дани Себаљос и суспендираниот Касемиро за настап во Баскија. Вкупно, значи, има дури 11 играчи помалку за тој натпревар. Така мораше да допре длабоко во младинскиот тим од кој повлече седум играчи за да има кого да стави на клупата.

Сепак, со сите горенаведени отсуства Реал против Атлетик може да извади одличен тим по име:

Куртоа; Лукас, Милитао, Начо, Менди – Крос, Валверде, Камавинга – Азар, Бензема, Виничиус.

Слични содржини