Реал во Лигата на шампионите без еден од најдобрите

од Nikola Popovski
31 прегледи

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, поради повреда на мускулот ќе го пропушти мечот со Лил во второто коло од Лигата на шампионите (среда, 21 ч.), соопшти мадридскиот клуб.

Станува збор за повреда на левата нога.

Куртоа се повреди на натпреварот од осмото коло во Ла Лига против градскиот ривал Атлетико Мадрид (1:1) во неделата.

Во соопштението не се наведува колку долго ќе треба да паузира белгискиот голман, но шпанските медиуми наведуваат дека Куртоа ќе отсуствува најмалку 15 дена.

Тој ќе се врати на терените по репрезентативната пауза и би требало да биде подготвен за натпреварот со Селта во Ла Лига кој е закажан за 19 октомври.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти го објави списокот на играчи кои се пријавени за натпреварот против Лил, а на него е и Килијан Мбапе кој се опорави од повредата на бутниот мускул.

Слични содржини