Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд наводно во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид, пишува каталонски „Спорт“.
Реал на средба во Монако склучил договор со претставниците на Ерлинг Халанд, шокантна е веста која ја донесе „Спорт“. Во друштво на претставници на мадридскиот клуб, како и Рафаел Пименто, десната рака Мино Рајола и Алфа-Инге Халанд, сите страни со задоволство ја напуштаат оваа средба во Кнежевството, а нов член на Реал ќе биде напаѓачот на Борусија Дортмунд.
Мина Рајола, како што е познато, не бил таму поради влошената здравствена состојба, па го испратил својот емисар Пименто. Зделката вклучува доаѓање на Ерлинг Халанд на „Бернабеу“ ова или следното лето, а тоа ќе биде одлука на играчот.
Доколку го избере претстојниот преоден рок, Реал ќе биде принуден да го купи за 75.000.000 евра според начелниот договор со Пименто и таткото на Халанд, но постои опција Норвежанецот да остане во Дортмунд и следната сезона, додека Карим Бензема, кој го предводи главниот збор во нападот, не му истече договорот.
Како дел од овогодинешниот трансфер, за кој и претходно се шпекулираше, би можел да учествува и Лука Јовиќ, што би ја намалило цената за Ерлинг Халанд. На тој начин Реал би можел да добие двајца од најдобрите играчи во светот во еден преоден рок – Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд – дуо за иднината.