Екипата на Црвена Звезда е поразена од Реал Мадрид со 60:75 во 7. коло од Евролигата.
Решавачко за поразот на „црвено-белите“ беше лошата игра во последната четвртина во која постигнаа само осум поени за разлика од 26 на „кралевите“.
Макаби славеше пред своите навивачи убедливо со 104:78 против Алба, додека Анадолу Ефес запиша гостинска победа против Олимпијакос во Атина од 67:86. Во рускиот дуел Химки триумфира во Санкт Петерсбург против Зенит со 87:73.