Реал за 100 милиони евра носи ново француско чудо

од Nikola Popovski
367 прегледи

Младиот фудбалер на Монако, Аурелиен Чуамени ќе стане нов член на европскиот шампион, пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Мадрид ќе треба да издвои 100 милиони евра за да го доведе Французинот кој имаше понуди и од Ливерпул.

Чуамени е француски репрезентативец, а ги мина сите младински селекции на „триколорите“.

Играчот за врска оваа сезона постигна пет гола и три асистенции на 50 натпревари во дресот на Монако.

„Кралскиот клуб“ ќе може да ги потроши парите што не ги искористи за да го доведе францускиот напаѓач Килијан Мбапе на нови засилувања.

 

Слични содржини