Реал земал огромна позајмица за да го доведе Мбапе

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Тоа беше еден од најинтригантните и најспектакуларни трансфери во овој век, но се чини дека Реал Мадрид немаше лесна задача да ги обезбеди средствата за доведување на Килијан Мбапе.

Само за потписот Реал му даде на Мбапе 100 милиони евра, бруто платата му е околу 30 милиони евра, а тоа беше голема работа за „кралскиот клуб“ кој наводно морал да земе позајмица во висина од 130 милиони долари.

Ова го направи во банката со која преговара половина година, бидејќи и должи нешто помалку од 400 милиони евра.

Па така медиумите истакнуваат дека Реал во моментот на доведување на Мбапе имал околу 80 милиони евра на сметка и дека во последните 20 години немаат помалку пари за тековни работи.

Сепак, никој не се сомнева дека Мбапе ќе му се исплати на актуелниот европски шампион, пренесува ЦДМ.

Слични содржини