Ребалансот е добро скроен и со него се предвидени пари за граѓаните и компаниите

од Берта Китинска

Бадри Фазлиу од ДУИ смета дека ребалансот на буџетот донесен навреме и дека минатата година разгледале некои целини и дека преку буџетот се покажува што сака владата да постигне во текот на годината.

– Кај нас економската криза сео дрази и за овој ребаланс се мисли дека од една криза влеговме во друга. Кризата се одразува на потрошувачката кошница и државата требаше да преземе мерки. Владата соработува со другите организации. Министерот Бесими соработува со сите поранешни министри за финансии со цел да се надмине кризата. Ребалансот е добро скроен и со него се предвидени пари за граѓаните и компаниите, а опозицијата за една дискусија бара реплики и тука има дебата. Сметам дека на крајот ребалансот ќе се донесе. – вели Фазлиу во 24 анализа.

Слични содржини