Ребел ослабе 30 килограми за да стане мајка, но доби лоша вест: „Немав со кого да споделам“

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската актерка Ребел Вилсон (41) одлучи минатата година да ја посвети на здравјето и на „здравата Ребел“, па успеа да изгуби 30 килограми.

За жал, и покрај нејзините напори, откри дека не може да забремени.

– Денес добив лоши вести и немав со кого да ги споделам – напиша таа и додаде дека ги разбира сите жени кои се борат со плодноста.

– Не можам да ви опишам колку ми значеше да ги прочитам сите ваши пораки и приказни, се чувствувам многу подобро – додаде таа во објавата.

Во декември 2019 година, Вилсон призна дека се бори со синдром на полицистични јајници уште од својата 20 година, што често придонесува за дебелеење и потешкотии при зачнувањето. Поради тој синдром, размислувала и за замрзнување на нејзините квалитетни јајца.

– Тоа е еден вид хормонална нерамнотежа, а во мојот случај се манифестираше преку брзо дебелеење- рече таа во интервју за E!News.

Ребел изјави дека се чувствува добро без оглед на нејзината тежина, но дека решила да ослабе поради здравјето, а не само поради изгледот.

– Ја користев дебелината во своја корист. Но, како што се приближуваше мојот 40-ти роденден, станав свесна за моето здравје и за мојата желба да основам семејство – утврди таа пред две години.

Слични содржини