Ребел Вилсон покажа како изгледа со 30 килограми помалку (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Комичарката Ребел Вилсон беше фотографирана додека шеташе на плажа. Американските медиуми наведуваат дека таа изгубила неверојатни 30 килограми во текот на изминатата година.

Вилсон, која беше подложена на строги диети и тренинзи во 2020 година, успеа драстично да го смени физичкиот изглед за време на карантинот.

Покрај тоа што е позадоволна од своето тело, но и од другите придобивки од губењето на тежината, како што се вишок енергија и подобро здравје, Ребел забележала дека луѓето поинаку се однесуваат со неа бидејќи го сменила изгледот.

„Понекогаш луѓето не ве гледаат двапати кога сте поголеми. Сега ми нудат да ми ги носат торбите од продавницата до автомобилот, ми ја држат вратата“, раскажа таа во емисијата The Morning Crew with Hughesy, Ed and Erin.

Вилсон ја нарече 2020 година „година на здравјето“. Таа го документираше патот на промената на Инстаграм, а целта ја достигна благодарение на исцрпувачките тренинзи и методот кој вклучува џвакање на секој залак 40 пати.

Слични содржини