[РЕЦЕПТ] „Амор“ -највкусниот омлет на светот

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Состојки:
8 домашни јајца
2 големи свежи домати
печена шунка
сирење и кашкавал на вкус
сол
оригано и мајчина душицаbbfd431b84655a413f5d0c4225c8c77fПодготовка:
Доматите се излупени и исечени однапред на многу ситни коцки, сирењето се крши на трошки, а кашкавалот се ренда. Шунката пржете ја кратко, по што се додаваат јајцата, се  врти внимателно, со цел што повеќе од јајцата да останат цели.
Се додаваат доматите и зачините кои се оставаат да се готват за 1-2 минути. Конечно посипете со сирење и кашкавал, отргнете од огнот и покријте со алуминиумска фолија за 5 минути. Посолете по вкус и уживајте во “Амор” – највкусниот омлет на светот!