Потребни производи:
¾ чаша сос од остриги (опционално)
2 лажички масло од сусам
1/3 чаша шери
1 лажичка соја сос
1 лажичка шеќер
1 лажичка пченкарно брашно
400 г говедско исечено на големи парчиња или на дебели ленти
3 лажици масло
1 чешне лук, толчен
¼ корен свеж ѓумбир, сецкан на крупно
500 г брокула, се сече на розичкиb7d99fc43ad888baa6960a9cafdf6adb

Подготовка:
Промешајте го сосот од остриги (по желба) со соја сос, масло од сусам, шерито, шеќерот, пченкарен скроб во сад, додека шеќерот се раствора. Ставете ги парчињата месо во смесата за да се маринираат во фрижидер за околу 30 минути, не помалку.

Загрејте масло во голема тава на средна температура. Пржете ѓумбир и лук. Оставете ги да крчкаат за 1 минута за да се ароматизира маслото. Извадете ги и отстранете ги.

Промешајте ги брокулите во истата маст, додека омекнат или меѓу 5 и 7 минути. Извадете ги и оставете ги настрана.

Истурете уште малку масло во тавата, ако е потребно и пржете го месото во него заедно со маринадата. Сосот ќе се редуцира и ќе се претвори во глазура за месото. Вратете ги брокулите во тава и пржете сѐ заедно  уште 3-4 минути.

Послужете топло.

Слични содржини