Производи:
2 чаши бел шеќер
3 лажици какао во прав
½ чаша масло
½ чаша млеко
сол
3 чаши овес
½ чаша путер од кикирики
1 лажичка ванилин екстракт, течен
Подготовка:
Во тенџере сварете ги шеќерот, какаото, маслото, свежото млеко и солта. Откако ќе зоврие оставете за 1 минута на огнот.
Потоа додадете ги овесот, путер од кикирики и ванилата. Измешајте добро за неколку минути, за да се смешаат производите и тргнете од топлина. Врз тава со кујнска хартија капнете од смесата количина за колаче. Сторете го ова со целата смеса. Оставете да се излади целосно и да се затегне пред консумирање.