Производи:
6 парчиња пушена сланина
4 големи колбаси
¼ чаша вода
2 лажици шеќер
1 глава кромид, сецкана
2 лажички мелен лук
¼ лажичка црвен пипер (може и лут)
¼ лажичка сол
3 лажици ким
1 зелка ситно сецкана
Подготовка:
Во голема тава испржете ја сланината на среден оган додека се зацрвени. Тргнете ја од огнот и оставете врз кујнска хартија да се исцеди.
Во меѓувреме измешајте ги водата, шеќерот, кромидот, лукот, црвениот пипер, солта и кимот.
Добро промешајте. Додадете ја внатре зелката и промешајте за да ги упие добро зачините.
Истурете го сето во тавата и покријте. Оставете да зоврие така околу 15 минути.
Конечно додадете исечени на половинки колбаси врз зелката. Покријте повторно и нека се готви уште 15 минути. Додадете и сланина малку пред да ја тргнете тавата од огнот, колку да се загрее.