Состојки:
3 тиквички со средна големина
2 јајца
200 гр кравјо сирење
150 г брашно
100 г лебни трошки
50 мл масло
сол
црн пипер
½ врска свеж магдонос7f7bd8b1e9aff5447b25f77477374b49

Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките откако претходно сте ги излупиле. Ставете ги во голем сад и посипете ги со сол. Таа ќе ја натера водата од тиквички да се исцеди. Потоа преместете ги во цедалка и притиснете со рака за да го отстраните вишокот на вода.
Вратете ги назад во садот. Кон нив додадете ги двете јајца. Додаде ги и трошките, сирењето, магдоносот, кој сте ги иситниле однапред (без рачките). Замесете ја добро со раце смесата и обликувајте ќофтиња (добро е да се со рамномерна форма, за да пржат лесно).
Секое од ќофтиња извалкајте го во брашното. Загрејте масло во тава на средна температура. Пржете од двете страни по неколку минути.

Слични содржини