Производи:
1/2 чаша трошки од леб
700 г рибно филе
1 пакување мајонез
сол по вкус
1 лажица сенф
1 лута пиперка – по желба
неколку стапчиња копар
1 мала главица лук
Подготовка:
Во сад измешајте мајонез заедно со исечен лук, лута пиперка, копар, сенф. Намачкајте го садот за печење со малку маслиново масло.
Зачинете го рибното филе со малку сол, ставете го во садот и намачкајте го со маринадата.
Посипете со лебни трошки и печете до подготвеност во загреана рерна на 180 степени.