Состојки:
200 гр печено пилешко месо или друго
10-12 јајца
1 пакување мајонез
сол, црн пипер
неколку страка ситно исечкан магдонос и копар
неколку капки сок од лимон
Подготовка:
Месото се сече на ситно и се става во сад заедно со останатите состојки. Јајцата се пресечени на две по должината, потоа внимателно се отстрануваат жолчките. Нив може да ги додадете во смесата за полнење. Потоа со помош на лажичка ставете во секоја половинка јајце од полнењето. По желба украсете со мали парчиња црвена пиперка.