Состојки:
1-2 мали тиквички
неколку страка свеж лук и кромид
грст кикирики или ореви – по желба
100 г козјо сирење
сол, црн пипер
оцет, маслиново масло
Подготовка:
Измијте ги тиквичките. Со помош на ноже за лупење исечете ги на тенки и долги ленти, со избегнување на средишниот дел со семки. Ставете ги во сад и додадете кон нив исечени лук, кромид, копар, маслиновото масло и оцет.
Измешајте добро и потоа ставете јатки, сол, црн пипер и кршено козјо сирење.