Производи:
500 г мелено месо
1 јајце
1  лажица сушен кромид
2 лажици копар сецкан + екстра за попрскување
2 лажица овесни снегулки фино мелени
сол по вкус
шарен бибер по вкус
масло за пржење
250 г кисела павлакаd3f7d39b2f3444dba0dd8f93c8a19d31

Подготовка:
Меленото месо се меша заедно со јајцето, зачините, солта и овесните снегулки. Се замесува добро и со мокри раце се обликуваат мали ќофтиња со големина на орев.

Се запржуваат во загреано масло малку, па останатото масло се исфрла, ќофтиња се вадат и во истата тава или каков сад и да користите се додава павлака и се промешува добро.

Се загрева и се додаваат назад ќофтињата. Се сервираат топли, со наросување дополнително копар.

Слични содржини