1,3K
Потребни производи:
1 пакетче квасец
1 лажичка бел шеќер
1 чаша топла вода, но не и жешка
2 и ½ чаши брашно
2 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
Подготовка:
Во сад со средна големина растопете ги квасецот и шеќерот во топла вода. Измешајте добро, додека се добие крем каша. Овој т.н. квас е добро да отстои околу 10 минути.
Измешајте го брашното, солта и маслиновото масло, и потоа размесете меко тесто. Оставете да отстои за околу 5 минути, кога ќе завршите.
Раширете го тестото со помош на сукало или со прсти во претходно подмачкан плех, посеан со малку брашно и нежно тапкање, за да се разнесе рамномерно. Наредете ги саканите производи врз тестото за пица и печете во загреана рерна на 230 степени.